Понеделник, 14 мај 2012 година, 11,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА: "ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА"
- Имплементација на Стратегијата за Ромите во Република со посебен осврт на областа на социјалната заштита, вработувањето на Ромите и положбата на жената Ромка
Агенда:
11:00 – 11:10 Поздравно обраќање на Цветанка Иванова, претседател на Комисијата за труд и социјална политика
11:10 – 11:20 Иџет Мемети, Народен правобранител ( Краток преглед на заштитата на уставните и законските права на Ромите во Република Македонија)
11:20 – 11:30 Теута Арифи, Вицепремиер за европски прашања (Политики за подобрување на состојбата на Ромите на Владата на РМ)
11:30 – 11:40 Муса Џафери, Вицепремиер за спроведување на Рамковен договор (Застапеност на Ромите во институциите на системот)
11:40 – 11:50 Ибрахим Ибрахими, заменик Министер за труд и социјална политика (Спроведување, координација и мониторинг на имплементацијата на Стратегијата, резултати од спроведувањето на мерките за социјална заштита)
11:50 – 12:00 Неждет Мустафа, Министер без ресор (Институционална поставеност и финансирање на активностите од Акционите планови кои произлегуваат од Стратегијата, посебен осврт на областа на социјалната заштита, вработување и положбата на жената Ромка)
12:00 -12:10 Наташа Габер, изготвувач на Стратегијата (Актуелност и применливост на Стратегијата од денешен аспект)
12:10 - 12:20 Влатко Поповски, Директор на Агенција за вработување (Активни политики за вработување на Роми)
12:20-12:30 Азбија Мемедова, Центар на Ромите на Скопје, Чаир (Резултати на граѓанскиот сектор во спроведување на активности за подобрување на положбата на жената Ромка)
12:30-13:30 Дискусија
15 мај 2012 година
- Имплементација на Стратегијата за Ромите во областите образование, здравство, домување и инфраструктура (прво продолжение)
11:00 – 11:10 Поздравно обраќање на Цветанка Иванова, претседател на Комисијата за труд и социјална политика
11:10 – 11:20 Ибрахим Ибрахими, заменик Министер за труд и социјална политика (Резултати од спроведувањето на мерките за вклучување на децата Роми во предучилишно образование)
11:20 – 11:30 Сафет Незири, заменик Министер за образование (Резултати од спроведувањето на мерките и активностите за образование за Роми)
11:30 – 11:40 Сенад Мустафов, Национален фацилитатор на Ромски образовен фонд за Македонија (Улогата на Ромскиот образовен фонд во поддршка на образованието на Ромите)
11:40 – 11:50 Никола Тодоров, Министер за здравство (Резултати од спроведувањето на мерките и активностите за подобрување на здравствената состојба на Ромите)
11:50 -12:00 Мила Царовска - Програмски координатор во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА)
12:00 – 12:10 Миле Јанакиевски, Министер за транспорт и врски (Резултати од спроведувањето на мерките и активностите во областа домување и инфраструктура во подрачјата со значителна ромска популација)
12:10- 12:20 Неждет Мустафа, Министер без ресор (Финансирање и резултати на активностите во областите образование, здравство, домување и инфраструктура во подрачјата со значителна ромска популација)
12:20- 12:30 Елвис Бајрам, Градоначалник на Шуто Оризари (резултати од спроведување на локалните политики за Роми во областа на домување и инфраструктура во вашата општина)
12:30-12:40 Зоран Дамјановски, Градоначалник на Куманово (резултати од спроведување на локалните политики за Роми во областа на домување и инфраструктура во вашата општина)
12:40-12:50 Изет Меџити, Градоначалник на Чаир (резултати од спроведување на локалните политики за Роми во областа на домување и инфраструктура во вашата општина)
12:50-13:00 Маријан Ристески, Градоначалник на Прилеп (резултати од спроведување на локалните политики за Роми во областа на домување и инфраструктура во вашата општина)
13:00-13:10 Владимир Талевски, Градоначалник на Битола (резултати од спроведување на локалните политики за Роми во областа на домување и инфраструктура во вашата општина)
13:10-13:20 Лилјана Алчева, Национален-заменик директор на Хабитат (Резултати во спроведувањето на мерките и активностите за домување и инфраструктура во подрачјата со значителна ромска популација)
13:20-14:20 Дискусија
Јавната расправа ќе биде отворена за медиуми.