Најави

Понеделник, 28 мај 2012 година, 11,00 часот, Сала 1
 
ТРИЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дневен ред:

1. Интерпелација за работата на министерот за финансии Зоран Ставрески, поднесена од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;

2. Дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2012 година;

3. Предлог на закон за изменување на Законот за шумарска и ловна инспекција (второ читање);

4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за договорен залог (второ читање);

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди (второ читање);

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности (второ читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните (второ читање);

8. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за правното наследство на Република Македонија на членството во Меѓународниот монетарен фонд (второ читање);

9. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (второ читање);

10. Дополнет предлог на закон за здравствена задолжница (второ читање);

11. Предлог на закон за легализација на јавните исправи во меѓународниот промет (второ читање);

12. Предлог на закон за ратификација  на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Швајцарскиот сојузен совет за преземање на лица кои престојуваат без дозвола;

13. Предлог на закон за прогласување на споменичката целина Крушево за културно наследство од особено значење (прво читање);

14. Извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2011 година;

15. Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2011 година;

16. Барање за давање автентично толкување на член 47 став 2 од Законот за стечај, поднесено од пратеникот Соња Мираковска;

17. Барање за давање автентично толкување на член 18 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, поднесено од пратеникот Миле Пачемски;

18. Барање за давање автентично толкување на член 11 од Законот за радиодифузната дејност, поднесено од пратеникот Малиша Станковиќ.

 

Click