Понеделник, 31 мај 2010 година
Советот на ЕУ ги усвои заклучоците за стратегиите за финансиски излез

Советот во декември 2009 година се согласи да се започне со подготовка на координирана и транспарентна стратегија за напуштање на праксата на различните шеми за помош во полза на финансиските институции.
Прочитај повеќе
Вторник, 25 мај 2010 година
СТРЕМЕЖ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПОДОБРУВАЊА

Европската комисија ќе презентира анализи за импликациите на зголемување на целите на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гас до 2020 година за 20% до 30% (споредено со нивото од 1990)
Прочитај повеќе
Вторник, 25 мај 2010 година
ДОНЕСЕНА РЕГУЛАТИВА ЗА ФИНАНСИСКА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОПА
На 11 мај 2010 година во Службениот весник на Европската унија објавена е Регулативата бр. 407/2010 за воспоставување механизам за финансиска стабилизација на Европа.
Прочитај повеќе
Среда, 19 мај 2010 година
Конференција на високо ниво на тема: Европска унија по Лисабонскиот договор

Истакнати креатори на политики, академици и новинари, на 25 и 26 мај ќе се сретнат во Европскиот парламент во Брисел, со цел да го разгледаат влијанието на Лисабонскиот договор врз Европската унија
Прочитај повеќе
Среда, 19 мај 2010 година
Дводневен состанок на Советот за конкурентност
Дводневниот состанок на Советот за конкурентност кој ќе се одржи на 25 и 26 мај ќе биде наменет на прашања кои се од суштинско значење за развојот на идната ЕУ-стратегија за економски раст и работни места. Стратегијата позната како „Европа 2020" се очекува да биде усвоена од страна на Европскиот совет на 17 јуни.
Прочитај повеќе
Среда, 19 мај 2010 година, Совет за општи работи
Стратегијата на ЕУ 2020 - одраз на економскиот контекст
На 10 мај 2010 година беше одржан состанок на Советот за општи работи, како подготовка за состанокот на Европскиот совет на 17 јуни. По завршувањето на состанокот, министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија, земја актуелен претседавач со ЕУ, Мигел Анхел Моратинос, одржа прес-конференција на која истакна дека земјите-членки на ЕУ се заинтересирани Стратегијата 2020 да го рефлектира новиот економски контекст, кој произлезе како резултат на мерките усвоени на средбите на Еврогрупата и Екофин.
Прочитај повеќе
Четврток, 13 мај 2010 година
Естонија ги исполни условите за воведување на заедничката европска валута
Европската комисија на 12 мај 2010 година објави дека ќе препорача на владите на земјите-членки на Европската унија, Естонија да се вклучи во еврозоната следната година во јануари, со што ќе биде 17-та земја-членка која ќе го воведе еврото.
Прочитај повеќе