Вторник, 21 мај 2013 година, 14,00 часот, Сала на Уставна комисија
КОМИСИЈА ЗА ПРАШАЊА НА ИЗБОРИТЕ И ИМЕНУВАЊАТА
Предлог на дневен ред:
1. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
2. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;
3. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците;
4. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;
5. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции;
6. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици-членови на Советот на Собранискиот канал;
7. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ),
8. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
9. Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлука за разрешување и избор на претседател и членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”;
10. Разно.