Среда, 29 мај 2013 година, 11,00 часот, Сала 1
ШЕЕСЕТ И ВТОРА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Верификација на мандати на пратеници во Собранието на Република Македонија;
2. Предлог за избор на членови на Владата на Република Македонија;
3. Предлог за именување на заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;
4. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија;
5. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави;
6. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците;
7. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија;
8. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции;
9. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици-членови на Советот на Собранискиот канал;
10. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија;
11. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација;
12. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”;
13. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесен од пратеникот Илија Димовски;
14. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (второ читање);
15. Предлог на закон за дополнување на Законот за данокот на добивка (второ читање);
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (второ читање);
17. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите (второ читање);
18. Предлог на закон за иновациската дејност (второ читање);
19. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање);
20. Предлог на закон за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност (второ читање);
21. Дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата (второ читање);

22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот (второ читање);
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (второ читање);
24. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика (второ читање);
25. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (второ читање);
26. Дополнет предлог на закон за заштита од вознемирување на работно место (второ читање);
27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка;
28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, по скратена постапка;
29. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници, по скратена постапка;
30. Предлог на закон за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка;
31. Предлог на закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка;
32. Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички, по скратена постапка;
33. Предлог на закон за финансиската инспекција во јавниот сектор, по скратена постапка;
34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка;
35. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка;
36. Предлог на закон за прекинување на бременост, по скратена постапка;
37. Предлог на закон за филмската дејност, по скратена постапка;
38. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, персонален данок на доход, данок на добивка и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во траен влог во Друштвото Фабрика за шински возила „Велес" ДООЕЛ - Велес (прво читање);
39. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (прво читање);
40. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување (прво читање);
41. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување (прво читање);
42. Измена на Годишната програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2013 година;
43. Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2012 година;
44. Барање за давање автентично толкување на член 109 од Законот за рибарство и аквакултура, поднесено од пратеникот Харалампие Шокаровски;
45. Барање за давање автентично толкување на член 69 а во врска со член 68 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, поднесено од пратеникот Лилјана Поповска;
46. Барање за давање автентично толкување на член 5 став 3 од Законот за даноците на имот и член 47 став 1 од Законот за процена, поднесено од градоначалникот на општина Куманово.