Понеделник, 13 мај 2013 година, 11,00 часот, Сала 1
ШЕЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации, УНИФИЛ во Либан;
2. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и НАТО Силите на Косово (КФОР) за хеликоптерски операции-медицинска евакуација;
3. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за основање и условите за работа на културните центри;
4. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија;

5. Дополнет предлог на закон за преземање на акционерските друштва (второ читање);
6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост (второ читање);
7. Предлог на закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија (второ читање);
8. Предлог на закон за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба (второ читање);
9. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието (второ читање);
10. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња (второ читање);
11. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата (второ читање);
12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (второ читање);
13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата (второ читање);
14. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството (второ читање);
15. Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој (второ читање);
16. Предлог на закон за дополнување на Законот за основање на Државен универзитет "Гоце Делчев" во Штип, по скратена постапка;
17. Предлог на закон за изменување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле", по скратена постапка;
18. Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот X, на делницата Демир Капија - Смоквица, по скратена постапка;
19. Предлог на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот X, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка;
20. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка;
21. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, по скратена постапка;
22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка;
23. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, по скратена постапка;
24. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, по скратена постапка;
25. Предлог на закон за дополнување на Законот за данокот на добивка (прво читање);
26. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (прво читање);

27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот (прво читање);
28. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за стечај (прво читање);
29. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика (прво читање);
30. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (прво читање);
31. Предлог на закон за заштита од вознемирување на работно место (прво читање);
32. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (прво читање);
33. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите (прво читање);
34. Предлог на закон за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност (прво читање);
35. Предлог на закон за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата (прво читање);
36. Предлог на закон за иновациската дејност (прво читање);
37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (прво читање);
38. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, 2012 година;
39. Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2012 година;
40. Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2012 година;
41. Извештај за работа на Агенцијата за администрација за 2012 година;
42. Годишен извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2012 година;
43. Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2012 година;
44. Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен за 2012 година;
45. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2012 година;
46. Годишен извештај за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2012 година;
47. Предлог на одлука за одобрување на Годишниот извештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2012 година;
48. Годишен извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2012 година;
49. Годишен извештај за финансиското работење на ЈП Македонска радио телевизија во 2012 година;
50. Извештај за работа на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2012 година;
51. Финансиски план на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013 година.