Четврток, 9 мај 2013 година, 12,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за надзор на пазарот (прво читање);
2. Предлог-закон за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност (прво читање);
3. Предлог-закон за дополнување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата (прво читање);
4. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (прво читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита (прво читање);
2. Барање за давање на автентично толкување на член 109 од Законот за рибарство и аквакултура, поднесено од пратеникот Харалампие Шокаровски;
3. Барање за давање на автентично толкување на член 69 а во врска со член 68 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, поднесено од пратеникот Лилјана Поповска;
4. Утврдување на Пречистен текст на Законот за градење;
5. Утврдување на Пречистен текст на Законот за воздухопловство;
6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите (прво читање).