Среда, 23 мај 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Националниот Совет на Република Австрија, г-ѓа Барбара Прамер

Зборувајќи за актуелната состојба, претседателот Вељаноски истакна дека Собранието е фокусирано на две основни прашање. Процесот на нашата евроатланска интеграција и доследна имплементација на донесените закони и реформи. Без разлика на тоа што се случи на самитот на НАТО во Чикаго, без разлика на фактот дека три години по ред добиваме препорака од Европската комисија за започнување на преговорите со Европската унија, а на сето ова следи блокада од нашиот јужен сосед, Република Македонија нема да се откаже од своите стратешки определби, а тоа е целосна интеграција во ЕУ и НАТО
Прочитај повеќе
Вторник, 22 мај 2012 година
Врачена благодарница на претседателот Вељаноски од страна на Власите во Република Македонија

По повод Националниот ден на Власите - 23 Мај, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претставниците на заедницата на Власите во Република Македонија, честитајќи им го празникот
Прочитај повеќе
Четврток, 17 мај 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Големото Национално Собрание на Република Турција, г. Џемил Чичек

Вкупните билатерални односи помеѓу Република Македонија и Република Турција, кои се и повеќе од пријателски, одат во нагорна линија на сите подрачја, а во тие рамки значајна улога и придонес има парламентарната соработка, истакна на почетокот претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски. Истакнувајќи ја континуираната пријателска и принципиелна политика на Република Турција, претседателот Вељаноски изрази задоволство и благодарност за помошта и поддршката која ја дава Република Турција во интеграционите процеси, а посебно за нашето членство во НАТО, а убеден сум дека таа поддршка ќе ја имаме и на претстојниот самит на НАТО
Прочитај повеќе
Вторник, 8 мај 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со г. Роберт Валтер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, се сретна со потпретседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Роберт Валтер, известител за постмониторинг дијалогот со Република Македонија
Прочитај повеќе
Понеделник, 7 мај 2012 година
Средба на претседателот Вељаноски со еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Штефан Филе

На средбата со еврокомесарот за проширување на Европската унија, г. Штефан Филе, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, потсети дека во трите последователни извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и препораките за започнување на пристапните преговори, Собранието е оценето многу позитивно и како една од клучните институции во нашето интегрирање во Европската унија
Прочитај повеќе