Петок, 4 мај 2012 година
Пратеникот Игор Ивановски набљудувач на парламентарните избори во Ерменија
Пратеникот Игор Ивановски како член на 24-члена Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе ги набљудува парламентарните избори во Ерменија на 6 мај 2012 година, заедно со набљудувачите на другите меѓународни институции.
Пред да го набљудуваат гласањето на 6 мај по избирачки места низ целата држава, членовите на Комисијата ќе имаат средби со претседателот на Државната изборна комисија, претставници на изборната администрација и претставниците на политичките партии кои ќе учествуваат на изборите, како и со претставници на граѓанското општество и медиумите.