Вторник, 5 мај 2009 година
60-годишнина на Советот на Европа
По повод 60 години од формирањето на Советот на Европа, генералниот секретар на ПССЕ Тери Дејвис, претседателот Луј Марија де Пуч и претседавачот на Комитетот на министри Мигуел Анхел Моратинос дадоа заедничка изјава во која велат дека Советот на Европа помогнал во помирувањето на континентот по декади на идеолошки поделби.
Во шесте децении постоење на Советот, создаден е Европски суд, укината е смртната казна на Стариот континент и потпишани се повеќе од двесте меѓународни договори за одбрана и ширење на вредностите на демократијата, човековите права и владеењето на правото.
Од 1949 година, па се до денес, Советот на Европа се залага за промовирање на толеранцијата, дијалогот и разбирањето меѓу луѓето и се бори против тероризмот, организираниот криминал, илегалната трговија со луѓе, сексуалната експлоатација на децата, киберкриминалот, насилството против жените и другите закани против општеството.