ЕУ вести



Четврток, 7 мај 2009 година, Стразбур

Последен говор на актуелниот претседател на Европарламентот

На третиот ден од Пленарната седница на Европскиот парламент, претседателот Ханс-Герт Петеринг го одржа својот последен говор во својот 2,5-годишен мандат. Тој како свои успеси ги истакна проширувањето на исток, придонесот во законодавната дејност, како борбата со глобалното затоплување и работата по Лисабонскиот договор, како и засилувањето на позициите на Европарламентот. Во исто време, тој го поддржа мировниот процес на Блискиот Исток и меѓукултурниот дијалог.

Во својот заклучен говор како претседател на Европскиот парламент,  Петеринг истакна дека предизборната кампања е шанса да говорат со граѓаните и ги повика сите Европејци да учествуваат во изборите.

На седницата, меѓу другото, европратениците се согласија да се рашири полето на дејствување на Европскиот фонд за приспособување кон глобализацијата во ситуации на економска и финансиска криза. Целта на Фондот е да осигура ефективна помош на работниците, кои се отпуштаат од работа како последица на светската економска криза.

Европратениците го изгласаа и Предлогот за зголемени права и посилна заштита на бремените жени во работен однос, додека Предлогот за продолжување на породилното отсуство ќе го вратат на разгледување во парламентарната комисија.

Click