Понеделник, 27 мај 2013 година, Охрид
Претседателот Вељаноски оствари билатерални средби со потпретседателот на Европскиот парламент г. Ласло Сурјан, со претседателот на Претставничкиот дом на Романија г. Валериу Стeфан Згонеа и со претседателот на Српскиот парламент г. Небојша Стефановиќ

Во попладневните часови на 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, оствари средба со потпретседателот на Европскиот парламент г. Ласло Сурјан. На средбата, претседателот Вељаноски истакна дека Република Македонија е силно заинтересирана и понатаму да се продолжи со давањето свежи политички импулси на дијалогот и заедно со колегите европарламентарци и пратениците во Собранието на Република Македонија, конструктивно да се придонесува во процесот на евроинтеграција
Прочитај повеќе
Понеделник, 27 мај 2013 година, Охрид
БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА 10. КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРЛАМЕНТИ НА ПСЈИЕ

На 10. Конференција на претседатели на парламенти на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски, оствари средба со претседателот на Националниот парламент на Република Бугарија г. Михаил Миков. На средбата, двајцата соговорници разговараа за подобрување и негување на добрососедските односи
Прочитај повеќе
Петок, 24 мај 2013 година, Ватикан
Претседателот Вељаноски на аудиенција кај папата Франциск

Македонска црковно-државна делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, имаше аудиенција кај новиот папа Франциск. Претседателот Вељаноски му го честита изборот за 266. поглавар на Католичката црква, со искрени желби за понатамошното промовирање на мирот, соработката и пријателството во светот.
Прочитај повеќе
Четврток, 9 мај 2013 година, Даблин
Собраниска делегација, предводена од претседателот Вељаноски, во официјална посета на Ирска

Парламентарната делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во рамките на официјалната дводневна посета на Ирска, која во моментов претседава со Европската унија, покрај средбата со домаќинот, претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска г. Шон Берет, оствари средби и со претседателот на Ирска г. Мајкл Д. Хигинс, министерот за европски прашања г-ѓа Лусинда Креитон, со Заедничката комисија за европски прашања и со Ирско-македонската група за пријателство.
Прочитај повеќе
Среда, 8 мај 2013 година, Даблин, Ирска
Средба на претседателот Вељаноски со претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска, г. Шон Берет

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, го искажа задоволството од гостопримството и средбата која овозможи искрена размена на информации и мислења за европските интеграциони прашања, за билатералните и другите прашања во функција на натамошно унапредување на вкупните пријателски односи меѓу двете земји
Прочитај повеќе