Понеделник, 11 март 2013 година

Сите акти на тероризам се криминални и неоправдани

Денеска, Европската унија го прославува 9. Европски ден во сеќавање на жртвите на тероризмот. По тој повод, координаторот на ЕУ за борба против тероризмот, г. Жил де Керков, преку соопштение, истакна дека сите акти на тероризам се криминални и неоправдани, без разлика каде се случиле и кој ги извршил.



Понеделник, 11 март 2013 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 11 до 14 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која по повод изминатиот 8 Март – Меѓународниот ден на жената, ќе стане збор за инвестирање во обуки на работните места и женското претприемништво, за родовите стереотипи во Европската унија и заштита на женските права во Северна Африка



Петок, 8 март 2013 година

Меѓународен ден на жената

Мора да се работи на спречување на сите форми на насилство врз жените и девојчињата и да се забрза напредокот кон родова еднаквост – истакна високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија, г-ѓа Кетрин Ештон, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената

Click