Четврток, 10 март 2011 година, 13,30-15,30 часот, Сала „Борис Трајковски“
Јавна расправа на тема „Улогата на буџетските процеси во унапредувањето на рамноправноста помеѓу жените и мажите“
Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисија за финансирање и буџет, во соработка со Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на ОН за родова рамноправност и унапредување на жените (UN Women)
Поздравно обраќање:
- Лилјана Поповска, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- Јован Манасиевски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет
- Џељал Бајрами, министер за труд и социјална политика
- претставник на Министерството за финансии
- Ерика Квапилова, директорка на Регионалната канцеларија за Централна и Југо - Источна Европа, Тело на ОН за родова рамноправност и унапредување на жените (UN Women)
Излагања:
1. Јавен буџет кој одговара на потребите на жените и мажите во Република Австрија – родово буџетирање како дел од федералната буџетска реформа
- Д-р Фредерике Шварцендорфер, заменик-генерален директор во дирекцијата за буџет, Сојузно министерство за финансии на Австрија
2. Измени во буџетското упатство во системот на јавни финансии на Федерацијата на Босна и Херцеговина: оценување на влијанијата на јавната потрошувачка врз жените и мажите – Националниот акционен план за родово буџетирање на ФБиХ (процес, содржина, предизвици, научени лекции)
- Викица Суњиќ, координатор на групата за родово буџетирање на владата на ФБиХ
3. Први чекори на вклучување на родовото буџетирање во секторските политики – презентација на клучните чекори реализирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Федерацијата на Босна и Херцеговина
- Факета Беговиќ, секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Федерацијата на Босна и Херцеговина
4. Унапредување на рамноправноста помеѓу жените и мажите преку родовото буџетирање во Република Македонија - искуството на Владата на РМ и можностите и перспективите за воведување измени во буџетскиот циркулар
- Елена Грозданова - државен советник за еднакви можности помеѓу жените и мажите во Министерство за труд и социјална политика
Дискусија
Заклучоци од јавната расправа
Јавната расправа е отворена за медиуми