Вторник, 20 март 2012 година
Средба на претседателот Трајко Вељаноски со амбасадорот на Државата кувајт, Н.Е Абдула ал-Дувајх


Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, вчера оствари протоколарна средба со нерезидентниот амбасадор од Анкара во Република Македонија на Државата Кувајт,Н.Е Абдула Ал-Дувајх.
Средбата беше остварена по повод потпишување Нацрт-договор меѓу Република Македонија и Државата Кувајт за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал.