Најави



Вторник, 20 март 2012 година, 11.00 часот, Сала „Борис Трајковски“

Дебата на тема: „Влијанието на климатските промени врз здравјето, и интерсекторската поврзаност при спроведување на мерките за адаптација и ублажување кон климатските промени”

(Во организација на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, а во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за здравство)

Поздравни обраќања: г-ѓа Соња Мираковска, претседател на Клубот на пратенички, Собрание на Р. Македонија, д-р Марија Кишман, Светска здравствена организација, Канцеларија Скопје, г. Волтер Лојш, заменик амбасадор на Р. Германија
 
11.15 – 11.50  ч.

Воведни излагања: д-р Бетина Мене, СЗО Регионална канцеларија за Европа - Климатските промени и здравјето – иницијатива на 7 земји, проект на СЗО Регионална Канцеларија за Европа

д-р Владимир Кендровски, претседател на Комисијата за климатски промени и здарвје, Министерство за здравство -      Влијанието на климатските промени врз здравјето во Р. Македонија - преземени мерки и активности за адаптација 

м-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник за климатски промени, Министерство за животна средина и просторно планирање - Интерсекторската соработка во спроведување на мерките за адаптација и митигација во Р. Македонија

проф. д-р Константин Димитров, НВО Македонски центар за енергетска ефикасност, МАЦЕФ - Енергетската ефикасност во здравствениот сектор и пошироко – активности во Р. Македонија

11.50 – 13.00  ч.

Дискусија                                                      
 

Дебатата ќе биде отворена за медиуми.






Click