Најави

Четврток, 8 март 2012 година, 14,00 часот, Сала „Борис Трајковски“

Јавна расправа на тема „Светски денови на бубрегот – дарување на органи“

во организација на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, а во соработка со Здружението на бубрежно болни НЕФРОН и Стручното здружение МЗНДТВО (Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи)

14.00 – Одбележување на Меѓународниот ден на жената 8 Mарт и 9-годишнина од формирањето на Клубот на пратенички

14.30 - Пригодно обраќање до присутните од претседателот на здружението на бубрежно-болни „НЕФРОН“, г. Душко Георгиевски

14.40 - Д-р Љубинко Трпеновски, претставник на здружението „НЕФРОН“: Орган дарителство како највисок чин на човекољубие

14.55 - Проф. д-р Оливера Стојчева-Танева, секретар на МЗНДТВО: Бубрежна заместителна терапија во Република Македонија

15.10 - Проф. д-р Гоце Спасовски, претседател на МЗНДТВО: Бубрежна трансплантација во Република Македонија во споредба со земјите од Балканот и Европа - перспективи за иден развој

15.30 - Дискусија
Click