Најави

Вторник, 13 март 2012 година, 11,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
 
ЈАВНА РАСПРАВА ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА 

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата по работната верзија на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за животна средина, а во насока на донесување на квалитетен закон и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските за членство на Република Македонија во Европската унија.

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од областа на животната средина да земат активно учество во дебатата со цел подобрување на работниот текст на Предлог-законот.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 13 март 2012 година, до 09.00 часот, на e-mail: nsei@sobranie.mk, или на тел. 311 22 55, локал 289.

Јавната расправа е отворена за медиуми.


Документот може да го симнете ТУКА 

Click