Вторник, 27 март 2012 година, 14,00 часот, Сала 3
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка;
2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, по скратена постапка;
3. Барање за давање на автентично толкување на член 64 став 2 од Изборниот законик, поднесено од пратениците: Фијат Цаноски, Рејхан Дурмиши и Мевмед Џемајлоски.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за претворање на побарувањето на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата АД Органско Хемиска Индустрија „Наум Наумовски - Борче“ Скопје, Тутунски Комбинат АД Прилеп и Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври Еурокомпозити" АД Прилеп, по скратена постапка.