Петок, 26 март 2010 година
Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, го прими г. Роберт Симонс, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО

Потсетувајќи дека Република Македонија денес не е членка на НАТО заради спорот со нашиот јужен сосед, претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски истакна дека ние продолжуваме со сите потребни реформи за наше целосно интегрирање во евроатлантските структури
Прочитај повеќе
Петок, 26 март 2010 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски го прими Министерот за надворешни работи на Република Турција Ахмет Давутоглу

На средбата, која помина во отворена и пријателска атмосфера, и двете страни оценија дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција се многу добри, нема отворени прашања, а сето ова дава добра основа тие односи да се развиваат и продлабочуваат. Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи благодарност за поддршката од страна на Република Турција за наше членство во НАТО, потсети дека Република Македонија и по Букурешт активно и одговорно ги презема и исполнува своите обврски кон алијансата
Прочитај повеќе
Среда, 10 март 2010 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со Делегацијата на Државниот збор на Словенечкиот парламент, предводена од претседателот д-р Павел Гантар

На почетокот на разговорите и двете страни истакнаа дека односите меѓу Република Македонија и Република Словенија се многу добри и повеќе од пријателски, а меѓу двете држави нема отворени прашања.
„Тоа ни дава можност билатералните односи да ги продлабочуваме во сите сфери и на сите нивоа“, истакна претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски.
Прочитај повеќе