Понеделник, 12 март 2012 година
Македонија на дневен ред во Европарламентот
Европскиот парламент од 12 до 15 март ќе одржи пленарна седница во Стразбур, на која, меѓу другото, в среда, ќе се дебатира и гласа за напредокот на Република Македонија за членство во Европската унија.
Во Нацрт-резолуцијата за Македонија се вели дека треба да се одреди датум за почеток на претпристапни преговори со ЕУ.
Покрај за Македонија, на дневен ред ќе биде и напредокот на Босна и Херцеговина и Исланд.
Во Стразбур ќе стане збор и за рамноправноста меѓу жените и мажите, со посебен акцент на застапеноста на жените во политичките одлуки, како и за исходот од Самитот на 1 и 2 март.
Исто така, на дневен ред пред европратениците ќе се најдат и изборите во Русија и Казахстан, потоа терористичките напади во Нигерија, човечките права и демократијата, итн.