Анушев Љупчо 
  
 


     
 
   
  





Независен пратеник. 
         
   Роден 1949 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Виша техничка школа, насока - Организација на работа. Бил технички раководител и технички директор во производство подолг период. Сега е директор на приватната фирма " ТОРРЕ и други". Нема претходно пратеничко искуство. Живее во Скопје.
     


                                                           


                                                          Бајрами Фадил

    
 


     
 
   
  


Независен пратеник. 

Претседател на Комисијата за економска политика и развој при Собранието на РМ. Заменик член на делегацијата на Собранието на РМ во НАТО. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Словенија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска.
            
   Роден 1960 година во с. Араѓел, Осломеј, Кичево, РМ. Албанец. Завршил Економски факултет. Работел во приватна фирма. Бил градоначалник на општина Осломеј. Се служи со англискиот јазик. Живее во с. Араѓел, Кичево.
     





                                                           Јованов Никола
 
 


    
 
  
 


 Независен пратеник.
     
  
   Претседател на Комисијата за здравство во Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.
     
  
   Роден 1956 година во Битола, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет специјалист по хирургија. Работи како специјалист - хирург во Медицинскиот центар во Битола. Се служи со англискиот јазик. Живее во Битола.
     




     



 

                                                                 Тахири Мевљан


 

 

 




Независен пратеник.
     
  
   Претседател на огранокот на ПДП во општина Центар, Скопје. Член на Претседателството и на Централниот одбор на ПДП. Заменик член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.
     
  
   Роден 1956 година во Скопје, РМ. Албанец. Завршил Електротехнички факултет. Работел како електроинженер во Трговското претпријатие "Железар". Бил претседател на Извршниот одбор на Собранието на општина Центар, Скопје. Бил пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.
     



 

                                                     Хаџиреџа Кастриот
 
 


    
 
  
  

 

 Независен пратеник.
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија.
     
  
   Роден 1961 година во Дебар, РМ. Албанец. Завршил Медицински факултет, специјалист по хирургија. До крајот на 1998 година работел како хирург во Универзитетскиот клинички центар "Мајка Тереза" во Тирана, Република Албанија. Добро ги знае францускиот, англискиот, српскиот и хрватскиот јазик. Живее во Дебар.



 

                                                              Шахиќ Алија
 
 


    
 
  
  


Независен пратеник.
     
  
   Бил член на Комунистичката партија и член на Младинската организација "Младост" во Белград. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Југославија и член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија.
     
  
   Роден 1944 година во с. Бач, Рожаје, Црна Гора, СРЈ. Бошњак. Завршил Виша техничка школа, насока Организација на работа - металска струка. Бил директор на Сектор во "Центрокоп" - Белград и директор во Работната организација "Инвест Комерц". Директор на приватната фирма "Арабела холдинг". Живее во Скопје.

Click