Вторник, 13 ноември 2012 година

Средба на пратеникот Ана Павловска Данева со Пауло Монтеиро

Пратеникот, г-ѓа Ана Павловска Данева, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Португалската Република, по барање на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денеска оствари средба со г. Пауло Монтеиро, активист за културни прашања во Португалската Република



Четврток, 8 ноември 2012 година

Средба на Комисијата за европски прашања со известувачот Ховит

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, денеска оствари средба со г. Ричард Ховит, известувач на Европскиот парламент за Република Македонија.



Четврток, 8 ноември 2012 година

Средба на Претседателството на Клубот на пратенички со Мекдоналд

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, денес одржа средба со г. Јакопо Леоне Мекдоналд, родов истражувач на ОДХР, кого го информира за работата на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија.



Среда, 7 ноември 2012 година

Средба на пратеникот г-ѓа Радмила Шекеринска и г. Ричард Ховит

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска ќе оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, г. Ричард Ховит. Во придружба на г. Ховит ќе биде Роберт Лидел, министер, советник и шеф на политичкиот сектор во Делегацијата на Европската унија во Скопје



Среда, 7 ноември 2012 година

Средба на пратеникот Хајрула Мисини и г. Ричард Ховит

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини ќе оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, г. Ричард Ховит



Среда, 7 ноември 2012 година

Работна средба со г. Џакопо Леоне МЕкдоналд, родов истражувач во ОДИХР

Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на барање на ОБСЕ, ќе одржи работна средба со г. Џакопо Леоне Мекдоналд, родов истражувач во ОДИХР, која е во рамките на проектот на ОСЦЕ/ОДХР за Зајакнување на парламентарните структури за жени пратенички во регионот

Петок, 2 ноември 2012 година

Родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евроинтеграција

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија одржа средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Аиво Орав.

Амбасадорот Орав беше информиран за активностите на Комисијата, посебно за големиот број јавни расправи на специфични теми поврзани со родовата перспектива.

Истакната беше конструктивноста и инклузивноста во работењето, со вклучување широк круг актери од институциите и невладиниот сектор, со што се влијае за намалување на стереотипите во општеството. 

На средбата беше заклучено дека родовата рамноправност е значаен сегмент во процесот на евроинтеграција на Република Македонија и дека ќе се продолжи соработката помеѓу националните, локалните и меѓународните институции на овој план.

 


Четврток, 1 ноември 2012 година

Средба на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со Н.Е. Аиво Орав

Тема на разговорот ќе биде „Родовата рамноправност како значаен сегмент во процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија“.

Click