Најави

Н А Ј А В А 

за Јавна расправа во организација на Комисијата за европски прашања на тема „Преку преговори до ЕУ"

Понеделник, 30 ноември 2009 год. - 10,30 ч. - Сала на Уставна комисија 

Отворање и вовед:

-  г. Петар Поп-Арсов, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија

 10,45-11,00 ч.

Панел 1

Преку преговори до ЕУ

Обраќање на амбасадорот на Кралството Шведска (актуелен претседавач со ЕУ) во Република Македонија, Н.Е. Ларс Фреден

 
11,00-11,15 ч.

Обраќање на државниот советник во Секретаријатот за европски прашања, г. Драган Тилев

 11,15-11,30 ч.

Обраќање на амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Алан Брајан Бергант

11,30-11,45 ч.

Обраќање на г. Александар Кржаловски, претседател на Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС

11,45 ч.

Дебата:

- Дали Македонија има добра институционална поставеност и процедурални механизми за почеток на преговарачки процес со Европската комисија?

- Дали државата има формирано или се подготвува да формира работни групи за сите 35 поглавја со раководители, како и раководители на работните групи и подгрупи од разни области?

- Дали Македонија веќе има изградено, обучено стручен потенцијал за работните групи и подгрупи?

- Дали Македонија може да обезбеди доволен број на стручни кадри со дипломатско, но и оперативно разбирање на ЕУ процесите?

- Дали државата во доволна мера ја користи помошта од ЕУ за усогласување на македонското законодавство со правото на ЕУ, како и за негово имплементирање (ИПА помошта)?

- Дали и во која мера медиумите, како значајни фактори, кои имат влијание во приближувањето на ЕУ вредностите до граѓаните, ќе бидат вклучени во ЕУ преговорите?

- Колку се очекува да траат преговорите?

Цели на јавната расправа:

· Да се информираат учесниците на јавната расправа за подготвеноста на Република Македонија за почнување со преговори за ЕУ членство;

· Да се отвори дебата за можните проблеми и пречки во процесот на преговори;

· Да се предложат мерки и активности за навремена и стручна подготовка на државата за почеток на преговори со ЕУ.

 
Јавната расправа ќе биде отворена за медиуми.
Click