Понеделник, 30 ноември 2009 година, 11,00 часот, Сала 3
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог Буџет на Република Македонија за 2010 година.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог на закон за ратификација на Договор меѓу Република Македонија и Република Словачка за поттикнување и заемна заштита на инвестиции;
2. Предлог на закон за ратификација на Меморандумот за разбирање за институционалната рамка на иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи на Југоисточна Европа;
3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (прво читање);
4. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција (прво читање);

5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);

6. Предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување (прво читање);

7. Предлог на закон за бесплатна правна помош (второ читање);
8. Барање за давање автентично толкување на членот 29-г од Законот за дополнување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката;
9. Предлог на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост (прво читање);
10. Предлог закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (прво читање);
11. Предлог на закон за дополнување на Изборниот законик (прво читање).