Вторник, 19 ноември 2013 година
Пленарна седница на Европарламентот
Од 18 до 21 ноември, Европскиот парламент во Стразбур одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се гласа за Буџетот на Европската унија за 2014 година. Како приоритети за следната година се одвојуваат вработувањето, истражувањето и иновациите, граничното управување и хуманитарната помош.
Исто така, Европарламентот, по жестоките преговори со владите, треба да даде согласност за долгорочниот буџет на ЕУ за периодот 2014-2020 година и инвестиционите програми.
Во рамките на седницата, претседателот на Европскиот парламент, г. Мартин Шулц, ќе ја додели наградата „Сахаров“ за слобода на мислата, која годинава заминува во рацете на 16-годишната Малала Јусафа од Пакистан, борец за правото на девојките на образование. Истовремено, ќе се одбележат 25 години од постоењето на наградата во чест на советскиот научник и дисидент Андреј Сахаров.
Делегација од десет европратеници ќе зеде учество и на Климатската конференција на Обединетите нации во Варшава.