Најави



Понеделник, 19 ноември 2012 година, 09.30 часот, Сала „Борис Трајковски"

Јавна расправа на Националниот совет за евроинтеграции по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, а во насока на донесување на квалитетен закон и квалитетна подготовка за прифаќање на обврските за членство на Република Македонија во Европската унија.

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од соодветната област, да земат активно учество во дебатата со цел подобрување на текстот на Предлог-законот.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 19 ноември 2012 година, до 09.00 часот, на e-mail: nsei@sobranie.mk или на тел. 311 22 55, локал 289 или 218.

Јавната расправа е отворена за медиуми.


Документот може да го симнете ТУКА





Click