Понеделник, 5 ноември 2012 година, 10.00 часот, Сала „Борис Трајковски“
ЈАВНА РАСПРАВА на Националниот совет за евроинтеграции
Националниот совет за евроинтеграции во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт -Канцеларија во Македонија и Институтот за европска политика, на 5 ноември 2012 година со почеток во 10.00 часот, во Собрание на Република Македонија, во сала „Борис Трајковски“, организираат јавна расправа на тема „Искористеноста на средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во Република Македонија“.
Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата за степенот на искористеност на ИПА, да се изнесат мислења, предлози и сугестии за состојбите во соодветната област заради квалитетна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.
На јавната расправа воведни излагања ќе имаат и проф. д-р Мојмир Мрак од Република Словенија и г. Мартин Валентович, меѓународен консултант, од Словачката Република.
Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти/организации да земат активно учество во дебатата.
Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 5 ноември 2012, до 9.00 часот, на следната eлектронска адреса: nsei@sobranie.mk или на тел. 32112 255 локал 289 или локал 218.
Јавната расправа е отворена за медиуми.