Најави



Четврток, 29 ноември 2012 година, 14,00 часот, Сала на Уставна комисија

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

Предлог на дневен ред:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (прво читање);

2. Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (прво читање);

3. Предлог-закон за изменување на Законот за постапување по претставки и предлози (прво читање);

4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта (прво читање);

5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (прво читање);

6. Предлог-закон за дополнување на Законот за матичната евиденција (прво читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (прво читање);

8. Предлог на закон за дополнување на Кривичниот законик (прво читање);

9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање);

10. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за заемно признавање на документите за образование и научните звања;

11. Предлог-закон за приватно обезбедување (прво читање);


12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита (прво читање);

13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање);

14. Барање за давање автентично толкување на член 1 од Законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, поднесено од пратеникот Оливер Спасовски;

15. Барање за давање автентично толкување на член 64 став 2 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Голубчо Ангелов;и

16. Утврдување на пречистен текст на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за автокампови (прво читање);

2. Предлог-закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија (прво читање);

3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);

4. Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за заемна заштита на класифицирани информации;

5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство (второ читање);

6. Предлог-закон за изменување на Законот за железничкиот систем (второ читање);


7.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (второ читање);

8. Барање за давање автентично толкување на член 6 став 1 точка 6) од Законот за персонален данок на доход, поднесено од пратеникот Цветанка Иванова;

9. Барање за давање автентично толкување на член 21 од Законот за ловство, поднесено од пратеникот Миле Андонов;

10.  Предлог-закон за дополнување на Законот за платниот промет (прво читање);

11. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (прво читање);

12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи (прво читање);

13. Исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за возила („Службен весник на Република Македонија" број 123/2012);

14. Предлог-закон за ратификација на Спогодбата за воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави;

15. Предлог-закон за  ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.

Click