Четврток, 24 ноември 2011 година
Средба на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, со претставникот на УНДП, г. Грегори Атила Конор
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, на 21 ноември 2011 година, на барање на г. Грегори Атила Конор, претставник на УНДП и специјалист за мир и развој, во Собранието на Република Македонија одржа средба на тема активности на Комитетот за односи меѓу заедниците за 2012 година и притоа го поздрави и запозна гостинот со темите кои ќе бидат разгледувани на идните седници на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Господин Конор изрази желба и подготвеност УНДП да го помага работењето на Комитетот да го зајакне својот капацитет со цел поефикасна работа, преку обука на членовите и службата на Комитетот.
На крајот од средбата, г. Конор изрази задоволство од приемот, искреноста и отвореноста при одговорот на поставените прашања и заклучи дека ваквите средби треба да продолжат и во иднина.
Претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, г-ѓа Ермира Мехмети, ја поздрави поддршката на УНДП за работата на Комитетот, се заблагодари за соработката и истакна дека очекува во иднина уште повеќе да се интензивират овие средби и активности.