Понеделник, 28 ноември 2011 година
Учество на Комисијата за здравство на конференција на СЗО
Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија ќе биде дел од конференцијата на Светската здравствена организација, на тема „Меѓусекторска соработка за подобро здравство и благосостојба“, која се одржува денеска и утре во Ерусалим.
Како претставник на Комисијата за здравство, на меѓународната конференција на СЗО ќе учествува членот на Комисијата, г. Андреј Петров.