Четврток, 24 ноември 2011 година, 12,00 часот, Сала 4
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог-закон за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации (второ читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:
1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања (второ читање);
2. Предлог-закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (второ читање);
3. Предлог-закон за дополнување на Законот за бесплатна правна помош (второ читање);
4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи (второ читање);
5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија (второ читање);
6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата (второ читање);
7. Барање за давање на автентично толкување на член 9 ставови 1, 4 и 5 од Законот за спортот и на членовите 4, 16, 17, 18 и 19 од Законот за изменување и дополнување на Законот за спортот, поднесено од пратеникот Трајчо Димков;
8. Барање за давање на автентично толкување на член 2 став (1) точка 5, во врска со член 2 став (1) точка 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поднесено од пратеникот Стојко Пауноски.