Четврток, 14 ноември 2013 година, 11.00 часот, Сала на Уставна комисија
јавна расправа на тема: „Како до подобра грижа и третман за лицата што живеат со ХИВ во Република Македонија“
во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за здравство, а во соработка со Групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ - Заедно посилни и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.
Поздравни обраќања
- г-ѓа Лилјана Поповска, претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
- г. Менде Диневски, претседател на Комисијата за здравство
- г-ѓа Тања Томиќ, потпретседател на Комисијата за здравство и претседавач на Меѓупартиската парламентарната група за ХИВ во Република Македонија
11.15-11.45 часот
Излагања:
- Андреј Сених, работна група за поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ - Заедно посилни
- проф. д-р Звонко Миленковиќ - национален координатор за ХИВ во Република Македонија
- д-р Јованка Костовска, претставник на Министерството за здравство во Република Македонија
- д-р Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија
11.45-12.15 часот
Дискусија
12.15-12.30 часот
Заклучоци од јавната расправа
Пријава за присуство на тел. 02 3224 150 и на l.popovska@sobranie.mk