Понеделник, 25 ноември 2013 година, 09.00 часот, Кристална сала
Осма конференција на парламентарни комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа - КОСАП
- Свечено отворање на VIII КОСАП од страна на г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија
- Поздравен говор: г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија
09.30 часот
Процедурални прашања
Постапување по иницијативите на Големото народно Собрание на Република Турција и на Комисијата за европски интеграции на Република Косово за стекнување на статус за полноправни членки на КОСАП
Прва сесија: Улогата на националните парламенти и на парламентарните комисии за европски прашања за подобро искористување на Инструментот за претпристапна помош - ИПА 2 (2014-2020)
Модератор: г. Хајрула Мисини, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија
Вовед: г. Фатмир Бесими, потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања
Дискусија
11.00 часот
Втора сесија: Визна либерализација?
Резолуција на Европскиот парламент, по предлогот за регулирање на Европскиот парламент и на Советот, за измена на Регулативата на Советот (ЕЦ)Бр 539/2001, во која се наведени трети земји чии државјани мора да поседуваат виза при влез на надворешните граници и оние чии државјани се изземени од тоа барање (КОМ(2011)0290-Ц7-0135/20011-2011/0138 (КОД)
Модератор: г. Неџати Јакупи, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија
Вовед: г. Земри Ќамили, заменик-министер за внатрешни работи на Владата на Република Македонија
Дискусија
13.30 часот
Трета сесија: Функционирање на Централноевропскиот договор за слободна трговија -ЦЕФТА, искуства и предизвици
Модератор: г. Малиша Станковиќ, заменик-претседател на Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија,
Вовед: г. Ваљон Сарачини, министер за економија во Владата на Република Македонија
Дискусија
14.30 часот
Четврта сесија: Како поблиску до ЕУ?
Дискусија за Стратегијата за проширување на ЕУ (2013-2014) и извештаите за напредокот на Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово* и Турција
Модератор: г. Срѓа Поповиќ, член на Комисијата за европски интеграции на Парламентот на Црна Гора
Вовед: Н.Е. Аиво Орав - шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија
Дискусија
15.30 часот
Усвојување на Заедничка изјава
16.00 часот
Изјави за медиумите
Конфернцијата е отворена за медиуми
--------------------------------------------------------------------------------
*Ваквото именување не го доведува во прашање статусот и е во согласност со Конвенцијата 1244 и советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата во врска со Декларацијата за независност на Косово.