Понеделник, 12 ноември 2012 година
Собраниска делегација учествува во работата на комисиите на ПС на СЕ
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ Александар Николоски и членот на делегацијата Игор Ивановски ќе учествуваат во работата на седниците на Комисијата за правни прашања и човекови права и на Комисијата за политички прашања и демократија, кои во текот на оваа недела се одржуваат во Париз, Франција.
На седницата на Комисијата за правни прашања на дневен ред е прашањето на засилување на авторитетот и ефикасноста на Судот за човекови права и Европската конвенција за човекови права и прашањето на недискриминацијата при стекнување на државјанство.
Комисијата за политички прашања и демократија ќе расправа за ситуацијата на Косово, биеналниот извештај за активностите на Европската банка за обнова и развој, конфликтот во Западна Сахара и политичката трансформација во Тунис, барањето на парламентот на Киргистан за стекнување на статус на партнер за демократија во ПС на СЕ и други прашања.