Понеделник, 30 ноември 2009 година
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со министерот за меѓународна одбрана на Обединетото Кралство, бароницата Ен Тејлор

Во разговорите, претседателот на Собранието ги истакна високо развиените односи меѓу двете држави и изрази благодарност за принципиелната поддршка и помош која ја дава Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска кога станува збор за остварување на нашата стратешка цел - евроатлантските интеграции
Прочитај повеќе
Петок, 27 ноември 2009 година
Средби на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, со новоименуваните амбасадори на Француската Република Н.Е Жан-Клод Шлумберже и на Република Перу Н.Е. Ернесто Ритлер

На средбата, претседателот на Собранието ги истакна пријателските односи и високоразвиената соработка помеѓу двете држави и тоа на сите нивоа и во сите области. „Поаѓајќи од принципиелната поддршка која Франција ја дава на Република Македонија во остварувањето на нашите стратешки цели, евроатлантските интеграции, верувам дека сега кога Република Македонија треба да го добие датумот за отпочнување на преговорите, таа поддршка ќе ја добиеме“, истакна претседателот Вељаноски.
Прочитај повеќе
Среда, 25 ноември 2009 година
Средба на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, со новоименуваниот амбасадор на државата Израел за Република Македонија, Н.Е. Давид Коен

На средбата, претседателот на Собранието, г.Трајко Вељаноски, ги нагласи досегашните добри и пријателски билатерални односи, кои бележат нагорен тренд, за што говорат и бројните средби на високо ниво меѓу двете земји. Притоа, тој изрази надеж дека оваа зачестена комуникација и соработка со претставници на Државата Израел ќе продолжи и понатаму.
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Сараево
Република Македонија е подготвена да ѝ помогне на Босна и Херцеговина во процесот за визна либерализација

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, заедно со членовите на делегацијата, пратениците г. Живко Пејковски, г. Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, денеска во Сараево оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ и членот на претседателството, г. Харис Силајџиќ.
Прочитај повеќе
Вторник, 24 ноември 2009 година, Сараево
Средба на делегацијата на Собранието на Република Македонија со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина
Делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот г. Трајко Вељаноски и членовите г. Живко Пејковски, г. Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, која е во дводневна посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе оствари средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, г.Жељко Комшиќ, г. Харис Силајџиќ и г. Небојша Радмановиќ.
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 ноември 2009 година
Делегација на Собранието на Република Македонија оствари средба со претседателот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, со членовите на колегиумот на Претставничкиот дом и со член на колегиумот на Домот на народите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, истакна дека Република Македонија, врз основа на постигнатите резултати, доби визна либерализација за нејзините граѓани, а во Извештајот на Европската комисија доби препорака за добивање на датум за отпочнување на преговорите. Очекуваме ова да биде потврдено и од страна на Министерскиот совет на ЕУ. Токму на прашањата поврзани со евроинтеграциите, треба во иднина да ја развиваме соработката меѓу двата парламента. Изразувам жалење што Босна и Херцеговина не беше опфатена со одлуката за визна либерализација, но убеден сум дека и вие наскоро ова ќе го добиете. Ние сме подготвени со вас, да ги споделиме сите наши искуства, истакна претседателот Трајко Вељаноски.
Прочитај повеќе
Понеделник, 23 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски во официјална посета на Босна и Херцеговина
Претседателот на Собранието на Република Македонија г.Трајко Вељаноски, заедно со г.Живко Пејкоски, г.Авдија Пепиќ и г. Талат Џафери, од денеска е во официјална посета на Босна и Херцеговина
Прочитај повеќе
Недела, 15 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, упати писмо до земјите-членки на ЕУ за поддршка во добивањето датум за почеток на преговори за членство во Унијата
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски, упати писмо до земјите-членки на Европската унија, во кое бара поддршка од неговите колеги за донесување одлука на Европскиот совет во декември за одредување датум за почеток на пристапни преговори.
Во содржината на писмата испратени до своите хомолози, претседателот Вељаноски истакнува:
„Во рамките на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ, ја користам оваа прилика, во светлина на претстојниот Европски совет во декември 2009 година, да побарам поддршка од сите земји-членки на Европската унија за прашање од исклучителна важност за мојата земја – почетокот на преговорите за членство во Европската унија.
Прочитај повеќе
Вторник, 10 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја прими претседателката на Владата на Република Хрватска Јадранка Косор

На средбата која двете страни ја оценија како континуитет на високоразвиените пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека двете држави имаат заедничка стратешка цел, а тоа е интеграцијата во ЕУ. Ме радува што Хрватска и Словенија постигнаа договор околу отворените прашања со што Хрватска ги продолжува преговорите со ЕУ. Во исто време се надевам дека и Република Македонија по препораката од Европската комисија за добивање на датум наскоро ќе ги почне преговорите. Во овие изминати дваесет години од паѓањето на Берлинскиот ѕид, едно е сигурно, враќање на старото нема, а евроинтеграцијата е неминовен процес кој не може никој да го запре, истакна Вељаноски.
Прочитај повеќе
Сабота, 7 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски ќе го посети Јохан Тарчуловски во притворната единица во Шевенинген
Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Трајко Вељаноски на враќање од посетата на САД, на 8 ноември 2009 година ќе го посети Јохан Тарчуловски во Притворната единица на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Холандија.
Прочитај повеќе
Сабота, 7 ноември 2009 година
делегацијата НА Собранието на Република Македонија во Вашингтон остварИ средби со раководството на НДИ, членови на Конгресот на САД, претставници на македонската дијаспора, како и со претставник на Стејт Департментот задолжен за европски прашања

Свесни сме за тоа колкави успеси постигна македонскиот парламент во изминатиот период, што придонесе Македонија да се споменува како модел за парламентарен развој, истакна претседателот на НДИ на средбата со претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и потпретседателот, г. Јани Макрадули. Од присутните беше изкажано заемно задоволство од досегашната соработка, како и волја истата да продолжи.
Прочитај повеќе
Четврток, 5 ноември 2009 година
Делегација на Собранието на Република Македонија во Вашингтон оствари средба со сенаторот Џорџ Воинович и работен ручек со конгресмените Марк Саудер, Хери Мичел и Роберт Адерхолд

На средбата делегацијата на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, а во чиј состав е и потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, со сенаторот г. Џорџ Воинович беше поздравен напредокот на Република Македонија, како и нејзината истрајност на патот на евроатлантските интеграции
Прочитај повеќе
Среда, 4 ноември 2009 година
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, присуствуваше на обраќањето на германскиот канцелар Меркел во Конгресот на САД и се сретна со спикерот на Претставничкиот дом Пелоси

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски имаше ретка можност да го проследи обраќањето на германскиот канцелар, г-ѓа Ангела Меркел во Конгресот на САД.
Прочитај повеќе
Вторник, 3 ноември 2009 година
Делегација од Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Трајко Вељаноски оствари средба со конгресменот Дејвид Прајс, како и со претседателот на Меѓународниот Демократски Институт (ИРИ) и директорот на регионалната програма за Европа

Соработката со Република Македонија е една од подобрите кои сме ги имале, рече конгресменот Дејвид Прајс на вчерашната средба со делегацијата од Собранието на Република Македонија, во чиј состав се претседателот на Собранието Вељаноски и потпретседателот Макрадули. Она што ме радува е константната поддршка што евро-атлантското интегрирање ја ужива од сите граѓани на Република Македонија, но и од сите политички субјекти. Така беше во 2006 година, кога прв пат дојдов во Македонија, истото го забележав минатата година при посетата на вашата држава, а и од денешната средба можам да го потврдам истото
Прочитај повеќе