Вторник, 29 ноември 2011 година, Лондон
Средба на претседателот Трајко Вељаноски со претседателот на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, Џон Беркоу

На средбата спикерот Беркоу ја искажа силната поддршка од страна на Велика Британија за скоро приклучување на Република Македонија кон НАТО и Европската унија
Прочитај повеќе
Понеделник, 28 ноември 2011 година, Лондон
Посета на претседателот на Собранието на Република Македонија, г.Трајко Вељаноски на Британскиот Парламент

Исто така, стана збор и за Извештајот на Европската комисија, кој за Република Македонија три години по ред е позитивен, притоа ставајќи акцент на делот на Собранието како придонес на сите политички партии
Прочитај повеќе
Понеделник, 21 ноември 2011 година
Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Пжемислав Чиж

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посебно ги истакна високо развиените билатерални односи со Полска, како и нејзината принципиелна поддршка која ја дава на Република Македонија во процесот на нашата интеграција во НАТО и ЕУ
Прочитај повеќе
Среда, 9 ноември 2011 година
Средба на претседателот Вељаноски со претседателот на Владата на Република Албанија, г. Сали Бериша

Зборувајќи за соработка помеѓу двата парламента, претседателот на Собранието г. Трајко Вељаноски истакна дека соработката со албанскиот парламент е на високо ниво и ги опфаќа сите форми и на сите нивоа
Прочитај повеќе
Вторник, 8 ноември 2011 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО Г-ЃА ИНГРИД ДЕЛТЕНРЕ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЕВРОПСКАТА РАДИОДИФУЗНА УНИЈА

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со генералниот директор на Европската радидифузна унија (ЕРУ), г-ѓа Ингрид Делтенре.
Прочитај повеќе
Четврток, 3 ноември 2011 година
Средба на претседателот Вељаноски со делегација на Уставниот суд на Република Србија

Во составот на делегацијата беа претседателот на Уставниот суд на Република Србија, д-р Драгиша Слијепчевиќ, судијата д-р Драган Стојановиќ, судијата д-р Горан Илиќ, судијата Милан Станиќ и советникот за меѓународна соработка, г-ѓа Љубица Павловиќ
Прочитај повеќе
Вторник, 1 ноември 2011 година
СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГРУПА ЗА СОРАБОТКА СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЈИЕ НА ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

На почетокот на средбата, претседателот Вељаноски го изрази своето задоволство од можноста да се сретне со делегација која доаѓа од пријателска земја, која секогаш ѝ излегува во пресрет на Република Македонија. Претседателот Вељаноски истакна дека парламентарната соработка е особено важна, зашто таа полесно отвора врати меѓу државите и народите, и оттука, средбите на претставниците од парламентите се особено важни. Во оваа насока, претседателот Вељаноски упати покана до својот колега од германскиот Бундестаг, г. Роберт Ламерт да ја посети Република Македонија.
Прочитај повеќе