Четврток, 11 ноември 2010 година
Самит на Г-20 во Сеул
Денеска и утре, во Сеул, Јужна Кореја, ќе се одржи Петтиот самит на дваесетте најразвиени земји и економии во развој, во чиј фокус е трговската нерамнотежа во светски рамки и курсевите на валутите.
Целта на Групата 20 е дополнително ангажирање околу надминувањето на глобалната економска криза и спречување на евентуално повторување на онаа од пред две години.
Лидерите на земјите од Г-20 го одбележаа денешниот ден и со оддавање почит на жртвите од Првата светска војна, по повод годишнината од нејзиното завршување.