Вторник, 30 ноември 2010 година, Брисел

Усвоени препораки на осмиот соСтанок на Мешовитиот парламентарен комитет - РМ и ЕУ

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија го поздравија континуираниот напредок во реформите на Собранието, полицијата, судството, јавната администрација и заштитата на малцинствата. Беше поздравена антикорупциската политика согласно препораките на ГРЕКО.



Вторник, 30 ноември 2010 година

Осумдесет и петта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осумдесет и петта седница, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за денационализација (прво читање) и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања (во прво читање)



Понеделник, 29 ноември 2010 година, Будва

Македонија е дел од регионалните проекти и иницијативи

Пратениците Феми Јонузи и Јован Лазарев, членови на  Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на ЦЕИ,  учествуваа во работата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, што се одржа на 26 и 27 ноември 2010 година во Будва, Црна Гора.



Понеделник, 29 ноември 2010 година

Осумдесет и втора седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Осумдесет и втората седница одржана на 27 ноември 2010 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2011 година (по скратена постапка)



Сабота, 27 ноември 2010 година

Педесет и трета седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и трета седница, го разгледа Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година



Петок, 26 ноември 2010 година

Средба на г. Рафис Аљити со поранешниот премиер на Албанија, г. Ули Буфи

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Рафис Аљити, оствари средба со г. Ули Буфи, поранешен претседател на Владата на Република Албанија, на која го запозна со составот, работата и активностите на македонското собрание



Четврток, 25 ноември 2010 година

Четириесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 47. седница, како заинтересирано работно тело го разгледа Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010 година



Четврток, 18 ноември 2010 година, Клуб на пратенички

Учеството на жените е важно за севкупното општество

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Симоне Филипини, како и со генералниот директор и со управниот директор на холандската организација Women Inc, г-ѓа Џанет Ваесен и г-ѓа Алет Кларенбеик



Четврток, 18 ноември 2010 година

Презентирани резултатите од анкетата за работата на Собранието

Во Собранието на Република Македонија беше извршена презентација на резултатите од направената анкета за неговата работа, во рамките на проектот со Вестминстер фондацијата за демократија за зајакнување на капацитетите на Собранието, спроведена од страна на Институтот за демократија „Societas Civilis“, со цел да се измерат перцепциите на граѓаните за работата на македонскиот законодавен дом



Четврток, 18 ноември 2010 година

Четириесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 46. седница, одржана на 11 ноември 2010 година и на денешното прво продолжение од 46. седница, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Перица Ивановски, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и г. Климе Дамчевски, претставник од истото министерство.

Господинот Ивановски ја објасни потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со него. Тој посебно ја нагласи потребата за донесување на овој закон од аспект на хармонизација и усогласување на домашното со европското законодавство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пристапи кон изменување и дополнување на одредени одредби од законот заради негово успешно имплементирање, промена во дефинициите на одредени поими и измени во номо-техничко подобрување на текстот.

Во дискусијата по Предлог-законот учествуваа пратениците г. Васко Шутаров и г. Никола Ќуркчиев.

По завршување на расправата, Комисијата едногласно го усвои следниот ЗАКЛУЧОК:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање), од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.


Вторник, 16 ноември 2010 година, Варшава

Пратеникот Талат Џафери на Годишно заседание на ПС на НАТО

Пратеникот Талат Џафери, шеф на Делегација на Собранието на Република Македонија во ПС на НАТО учествува на Годишното заседание на ПС на НАТО што се одржува од 12 до 16 ноември 2010 година во Варшава, Полска



Петок, 12 ноември, 2010 година

Отворен Парк на парламентаризам

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија, г. Јани Макрадули, кој воедно е и претседател на Одборот за одбележување на 20 години од првите повеќепартиски избори, заедно со неколку претставници од првиот парламентарен состав, денеска, во рамките на одбележувањето на 20 години од првите повеќепартиски избори, посадија садници и со тоа го отворија Паркот на парламентаризам, кој се наоѓа во кругот на Клубот на органите на управа



Петок, 12 ноември 2010 година

Пратеничките Катерина Димеска и Лилјана Затуроска учествуваа на Меѓународна конференција за жените во Истанбул

Координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Катерина Димеска и пратеничката, г-ѓа Лилјана Затуровска, член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите, учествуваа на Меѓународна конференција Њоменист (Жените на Истанбул), во Истанбул, Турција



Петок, 12 ноември 2010 година

Осумдесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната, 84. седница, како матично работно тело ги разгледа: Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2011-2015 година, Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (прво читање) и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (во прво читање)



Петок, 12 ноември 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 45. седница (прво продолжение), одржана вчера, како заинтересирано работно тело го разгледа Предлог-буџетот на Република Македонија за 2011 година



Четврток, 11 ноември 2010 година

Обраќање на претседателот Вељаноски по повод дваесет години од првите парламентарни избори

Првите парламентарни избори, одржани пред дваесет години, според мене, претставуваат, заедно со Референдумот на 8 септември, заокружување на вековната идеја и стремежот на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија за самостојна независна држава, која ќе се темели врз принципите на парламентарната демократија, човековите права и слободи, владеењето на правото, почитувањето на приватната сопственост и на пазарните законитости



Четврток, 11 ноември, 2010 година

Сонот за плурален парламент 20 години подоцна

Претседавач на настанот беше г. Јани Макрадули, претседател на одборот за одбележување на 20 години од првите повеќепартиски избори. Тој истакна дека му е чест што денес е во друштво на пратеници од првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија и изјави дека тие се херои на своето време



Четврток, 11 ноември 2010 година

Македонија покажа дипломатска успешност во претседавањето со Комитетот на министри на СЕ

Република Македонија покажа голема дипломатска успешност за улогата која ја одигра Советот на Европа во Грузија, за помагањето во деблокирањето на мировниот процес во регионот на Јужна Осетија, како и за начинот на кој успеа да постигне согласнот кај сите 47 земји-членки на СЕ околу усвојувањето на Декларацијата за Ромите од Стразбур, беше оценето на вчерашниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, кога нашата земја ѝ ја предаде улогата претседавач на Република Турција



Среда, 10 ноември 2010 година

Изјава по повод Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година

Како што е веќе традиција, денеска, Неговата Eкселенција Ерван Фуере, aмбасадор на Европската унија кај нас и официјално ми го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во процесот на интегрирање во Европската унија. Годинешниов Извештај на Европската комисија, како и досегашните, е пред сè објективен и тоа многу јасно ги истакнува сите оние позитивни промени кои сме ги направиле, како и објективно упатува на оние прашања и полиња на кои ќе треба во иднина да посветиме многу повеќе внимание



Среда, 10 ноември 2010 година

Еврокомесарот г. Ерван Фуере го презентираше Годишниот извештај пред Комисијата за европски прашања

Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, г. Ерван Фуере на шеесет и втората седница на Комисијата за европски прашања денеска го презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година.



Среда, 10 ноември 2010 година

Извештајот потврди дека Македонија е подготвена за пристапните преговори

„Овој извештај потврдува дека земјата е подготвена за отпочнување на пристапните преговори. Овие преговори ќе ѝ помогнат да се справи со низа важни предизвици, како што се владеење на правото и јавната администрација,  како и зголемување на конкурентноста и намалување на невработеноста. Се надевам дека прашањето за името може да биде решено и ќе можеме да го започнеме овој процес кој е од особено значење за иднината на државата” – соопшти еврокомесарот за проширување, г. Штефан Филе, на вчерашната прес-конференција во Брисел, објавувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година.



Среда, 10 ноември 2010 година

Македонија ѝ го предава на Турција претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа

На 1097. состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа, денеска во Стразбур, Република Македонија го завршува претседавањето со оваа паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото



Вторник, 9 ноември 2010 година, Брисел

Потребно е Македонија да се насочи кон реализирање на забелешките од Годишниот извештај

Делегација на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, во состав г-ца Христина Рунчева - шеф на делегацијата и членовите г-ѓа Славица Грковска-Лошкова и г-ѓа Ермира Мехмети Деваја вчера и денес остварија повеќе средби со европратениците: г. Зоран Талер - известител за Македонија во Комисијата за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), г. Јорго Шацимаркакис - копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет РМ -ЕУ, г-ѓа Ана Ибрисагиќ, г. Иво Вајгл и г. Михаил Крамер во Европскиот парламент во Брисел



Вторник, 9 ноември 2010 година

Европската комисија ќе го презентира Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2010 година

Во документот се очекува да биде укажано дека Македонија продолжува со исполнување на политичките критериуми, но треба да направи дополнителен прогрес во однос на дијалогот меѓу политичките актери, реформите на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата, подобрувањето на бизнис опкружувањето и слободата на изразувањето



Вторник, 9 ноември 2010 година

Завршува македонското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа

На утрешниот состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, Република Македонија ќе ѝ го предаде на Република Турција претседавањето со раководниот орган на најстарата паневропска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото.



Понеделник, 8 ноември 2010 година, Торонто

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО КАНАДА

За мене и членовите на делегацијата на Собранието на Република Македонија навистина е големо задоволство што сме денес овде со вас во овој божји храм посветен на патронот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија Свети Климент Охридски. Овој храм, кој е изграден во далечната 1965 година, уште еднаш потврдува дека македонскиот народ е богољубив, со длабок вековен национален, културен и јазичен идентитет. Идентитет кој знае да го зачува, да го развива и да го пренесува на своите поколенија



Понеделник, 8 ноември 2010 година, Торонто

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ И СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО КАНАДА

Спорот за името со Грција, олеснување на постапката за добивање на македонско државјанство заради можноста за остварување на избирачко право на наредните избори во 2012 година, состојбата во економијата и можноста за евентуални канадски инвестиции во Република Македонија, зачувување и негување на македонскиот јазик, култура и традиција се дел од  прашањата за кои македонските иселеници во Торонто се интерсираа на средбите со претседателот Вељаноски и пратениците од собраниската делегација.



Понеделник, 8 ноември 2010 година

Република Македонија позитивно гледа на словенечко-хрватскиот модел

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов истакна дека клучен непосреден приоритет на Република Македонија во евроинтеграцијата останува добивањето датум за почеток на пристапните преговори. Тој истакна дека фокусот на нашата држава останува насочен на два главни колосека: ефикасно спроведување на реформите и максимизирање на напорите за разрешување на билатералниот спор за името со Грција под покровителство на Обединетите нации



Понеделник. 8 ноември 2010 година

ИЗЛЕЗЕ ДЕВЕТТИОТ БРОЈ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија, излезе деветтото издание на Билтенот на Собраниската делегација во Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска унија (МПК РМ-ЕУ), чиј претседавач е пратеникот Александар Спасеновски



Понеделник, 8 ноември 2010 година

Педесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 5 ноември 2010 година ја одржа својата Педесет и прва седница, на која како матично работно тело разгледа три Предлог-закони



Петок, 5 ноември 2010 година

Потребно е да се негува македонскиот литературен јазик

Комисијата за култура во Собранието на Република Македонија, на својата Осумнаесетта седница, одржа јавна расправа на тема „Македонскиот литературен јазик и неговата примена во јавната комуникација“, што беше можност да се дискутира за актуелната состојба со македонскиот јазик, можност да се потсетиме за вистинските вредности на јазикот, за тоа како сите ние треба да се грижиме за него, како да го спречиме неговото уништување, во ова време кога сме сведоци на неговата неправилна употреба, кога постои реална закана за претоп на македонскиот јазик



Четврток, 4 ноември 2010 година

Шеснаесетта седница на Буџетскиот совет

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, на денешната Шеснаесетта седница, гo разгледа Предлогот на Буџетот на Република Македонија за 2011 година - Раздел 02001 Собрание на Република Македонија и врз основа на расправата, со четири гласа „за“ и два „воздржани“ ги усвои следните заклучоци



Среда, 3 ноември 2010 година

МАКЕДОНИЈА И КАНАДА - ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Република Македонија во Канада препознава вистински пријател во вистинско време. Благодарни сме за целата поддршка која Канада ѝ ја дава на Република Македонија, за признавањето под уставното име, за принципиелниот став за зачленување на Република Македонија во НАТО, како и за можноста македонските иселеници да ги уживаат сите права како и сите други граѓани на Канада, се дел од констатациите на претседателот Вељаноски на средбата со неговиот канадски колега, претседател на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен.



Среда, 3 ноември 2010 година

ПРАТЕНИКОТ СПАСЕНОВСКИ ИСПРАТИ ПИСМО ДО ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО

Во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010 година од страна на Европската комисија, шефот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и Европската унија (МПК - РМ и ЕУ), г. Александар Спасеновски, испрати писмо до европратениците членови на Делегацијата во МПК - РМ и ЕУ кои ги следат состојбите во Република Македонија



Среда, 3 ноември 2010 година

Учество на Форумот на парламентарци од Централна Азија за родови и ICPD прашања

Пратеничката Славица Грковска учествуваше на Форумот на парламентарци од Централна Азија за родови и ICPD прашања, кој се одржа од 27 до 29 октомври 2010 година во Алмати, Казахстан, во организација на Азискиот форум на парламентарци за население и развој (AFPPD).



Среда, 3 ноември 2010 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 45. седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на закон за безбедност на храна



Вторник, 2 ноември 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски и собраниска делегација остварија прва средба со своите канадски колеги

На средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, посочи дека без оглед што Република Македонија е мала држава, нејзината местоположба, заедно со мерките кои Владата ги има преземено, ја прават особено атрактивна за инвестирање. Претседателот ги запозна своите колеги дека државните институции се насочени кон создавање на поволна деловна клима, поттикнување на конкурентноста, на меѓународно-трговската соработка и инвестициона промоција.



Вторник, 2 ноември 2010 година

Надзорна расправа на тема „Имплементација на законската регулатива од областа на правата на детето и Конвенцијата на правата на детето“

Целта на оваа надзорна расправа е надзор на имплементацијата на законската регулатива во насока на правата на детето, а од областа на здравството, образованието, трудот и социјалната политика и правда и надзор на имплементацијата на Конвенцијата на правата на детето.



Вторник, 2 ноември 2010 година

Осумдесет и трета седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Осумдесет и трета седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација (по скратена постапка)



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, во официјална посета на Канада

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, од денеска е во официјална посета на Канада, на покана на канадскиот колега, претседателот на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен.

Претседателот Вељаноски го придружува собраниска делегација, во состав: г. Андреј Петров, претседател на парламентарната група за соработка на Собранието на Република Македонија со Парламентот на Канада и членовите на групата: г. Александар Николоски и г. Сафет Незири.

За време на првата официјалната постета на Канада, во Отава, претседателот, покрај со домаќинот претседател на Претставничкиот дом на парламентот на Канада, г. Питер Миликен, ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Канада, г. Ноел Кинсела, со министерот за надворешна трговија, г. Питер ван Лоун, со пратеници од Претставнчкиот дом, со претседатели и членови на повеќе комисии на Парламентот на Канада, како и со Канадско-европската асоцијација за ОБСЕ и канадската група за Интерпарламентарната унија. Претседателот Вељаноски и собраниската делегација добија покана да присуствуваат на седница на Претставничкиот дом и на седница на Сенатот на Канада.

Во рамките на посетата на Канада, претседателот на Собранието во Торонто ќе ги посети најголемите црковни општини, каде ќе се сретне со заедницата на македонските иселеници во Канада, а ќе оствари средби и со претседателот на Собранието на покраината Онтарио, г. Стив Питерс, и со други значајни претставници на покраината и градовите во кои живее голем број македонско население.

 



Понеделник, 1 ноември 2010 година

Средба на Клубот на пратенички со европратеничка од Словачка

Клубот на жени пратенички во Собранието на Република Македонија оствари работна средба со г-ѓа Ана Заброска, пратеник во Европскиот парламент од Словачка и член на Комисијата за правата на жените и половата еднаквост во Европскиот парламент.

Click