Понеделник, 30 ноември 2009 година
Советот на министри за внатрешни работи и правда, денеска донесе одлука за симнување на шенгенската бариера за Република Македонија, Србија и Црна Гора

Одлуката ќе важи од 19 декември 2009 година само за лица кои поседуваат биометриски патни исправи. Визната либерализација на граѓаните на Република Македонија ќе им овозможи да патуваат во земјите-членки на Европската унија со исклучок на Велика Британија и Ирска. Безвизниот режим ќе се применува и за Норвешка, Швајцарија и Исланд, земји кои не се членки на ЕУ.
Прочитај повеќе
Петок, 27 ноември 2009 година
Усвоен Пакетот за телекомуникации

На 25 ноември 2009 година во Стразбург, шведскиот министер за комуникации Аса Торстенсон и претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек го потпишаа Пакетот за телекомуникации
Прочитај повеќе
27 ноември 2009 година
Декларација од Висби - Влијание за креирање на еУнија 2015

Во организација на Шведското претседателство на 10 ноември во Висби, Шведска, беше одржана Конференција посветена на Информатичкото општество, која имаше за цел да се покренат значајни прашања од идната ЕУ агенда во областа на Информатичките и комуникациските технологии (ИКТ).
Прочитај повеќе
21 ноември 2009 година
Дваесетгодишнина од донесувањето на Конвенцијата за правата на децата

По повод 20-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на децата, Претседателството на Европската унија уште еднаш ја потврди важноста на оваа Конвенција, која заедно со факултативните протоколи ги одредува стандардите за унапредување и заштита на правата на децата.
Прочитај повеќе
21 ноември 2009 година
СОВЕТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Советот на Европската унија на 20 ноември 2009 година усвои пропис за дополнување на правната рамка за козметичките производи на внатрешниот пазар на Унијата.
Прочитај повеќе
21 ноември 2009 година
НОВИОТ ЛИДЕРСКИ ТИМ НА ЕУ

На средбата што се одржа на 19 ноември 2009 година во Брисел, лидерите на земјите-членки на Европската унија со големо задоволство го потенцираа значењето на Лисабонскиот договор, кој влегува во сила на 1 декември 2009 година. Договорот го поставува темелот за подемократска, поефикасна и потранспарентна Европска унија, овозможувајќи подобро справување со претстојните предизвици.
Прочитај повеќе
10 ноември 2009 година
ЕВРОБАРОМЕТАР ИСПИТУВАЊЕ - СОГЛЕДУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА

Според последниот преглед на Европската комисија, секој шести Европеец тврди дека имал лично искуство со дискриминацијата во изминатата година. Околу 64% од Европејците се загрижени дека рецесијата ќе придонесе за поголема дискриминација на пазарот на труд. Во 2009 година околу 16% од европските граѓани пријавиле дискриминација врз основа на раса, пол, возраст, религиозна припадност, посебни потреби и сексуална ориентација, на исто ниво како и во 2008 година. Најважните фактори кои влијаат на поттикнување на дискриминација кај луѓето се образованието и социјалната состојба.
Прочитај повеќе
3 ноември 2009 година
Лисабонскиот договор влегува во сила на 1 декември 2009 година

Со потписот на претседателот на Чешката Република, г. Вацлав Клаус, на Договорот од Лисабон, надмината е последната пречка, сите земји-членки на ЕУ го ратификуваа текстот на Договорот.
Прочитај повеќе