Делегации



Понеделник, 14 март 2011 година

Средба на г. Александар Спасеновски со новоименуваниот шеф на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Питер Соренсен

Денеска во Собранието на Република Македонија се одржа прва заедничка средба на новонаименуваниот Амбасадор на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Питер Соренсен со копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија (МПК - РМ и ЕУ), г. Александар Спасеновски и со претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов.

Евроамбасадорот Соренсен изрази задоволство за заедничката средба и меѓусебното запознавање со пратениците кои ги водат европските прашања во Собранието на Република Македонија, како есенцијален партнер во процесот на еворинтеграции. Амбасадорот нагласи дека за Република Македонија е многу значајно да продолжи да ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ, кои не се ни малку лесни, за да се стигне до конкретниот дел на поглавјата во процесот на преговори за пристапување кон ЕУ и дека ќе се залага да ѝ помогне на земјата во тој процес. 

Спасеновски му посака добредојде на Амбасадорот Соренсен и ја поздрави досегашната добра соработка со неговиот претходник во евроинтегративниот процес и активностите на Собранието на Република Македонија. Во однос на аспирациите за членство во ЕУ, Спасеновски нагласи дека во Собранието на Република Македонија, како и во целата држава, постои широк консензус меѓу сите политички партии за остварување на европските цели и споделена одговорност меѓу политичките чинители во Собранието кои раководат со носечките тела за евроинтеграции кои доаѓаат од редовите на позицијата, опозицијата, како и од етничките заедници во државата

Осврнувајќи се на хронологијата и динамиката на настани на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија, г. Спасеносвки истакна дека како копретседавач на МПК зацртал неколку цели и тоа: да се воспостави редовна динамика  на одржување на состаноци, на кои ќе се разговара на конкретни теми поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ, а не теми од билатерална природа, така што досегашната пракса покажува дека остварувањето на тие цели придонесло за реализација на успешни и конструктивни состаноци на МПК - РМ и ЕУ.

Со цел на продолжување на активностите поврзани со процесот на евроинтеграции и во ситуација на нерешен спор со името, г. Спасеновски предложи во иднина средбите со европратеници и дипломати од ЕУ да се одржуваат заеднички со сите релевантни тела во Собранието и да се организираат настани за одбележување на позначајните европски денови, на кои ќе учествуваат и преставници од граѓанското општество, а со тоа поблизу ќе се претстават вистинските европски цели на граѓаните на Република Македонија.

Click