Врз основа на член 68 став 1 алинеја 12 и став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 19 ноември 2007 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ОСНОВАЊЕ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ
ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ


Член 1

Се основа Национален совет за евроинтеграции (во натамошниот текст: Совет) во функција на засилување на активностите и одговорностите на сите надлежни државни и на другите органи и институции во обезбедувањето заедничка согласност и координирано дејствување во процесот на добивање членство на Република Македонија во Европската унија.

                 Член 2

Советот:
-го следи и оценува текот на активностите за добивање членство на Република Македонија во Европската унија;
 -дава мислења и насоки во врска со подготовките за започнување на прeговорите за добивање членство на Република Македонија во Европската унија;
-дава мислења и насоки за преговарачките позиции на Република Македонија;
-разгледува информации за процесот на преговарањето;
-дава мислења за прашањата кои ќе се отворат во текот на преговарањето;
-ги разгледува и ги оценува активностите на одделни членови вклучени во преговарачките тимови;
-одржува, преку претседателот на Советот постојани консултации и размена на информации со претседателот на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија;
-одржува постојани консултации со шефот на преговарачкиот тим и министерот  за надворешни работи;
-по потреба дава мислења за усогласување на законодавството на Република Македонија со правото на Европската унија и
-најмалку два пати годишно го известува Собранието на Република Македонија за својата работа.

Член 3

Советот има 17 членови, и тоа: четири члена од редот на пратениците кои се во позиција, четири члена од редот на пратениците кои се во опозиција, а членови по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата на надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија.
За членови на Советот се именуваат: заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции и по еден претставник од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија и Здружението на новинарите на Македонија. Овие членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Член 4

Претседателот на Советот се именува од редот на пратениците кои се во опозиција, а потпретседателот од редот на пратениците кои се во позиција.

Член 5

Во работата на Советот можат да учествуваат и: претседателот на Владата на Република Македонија, претседателот и потпреседателите на Собранието на Република Македонија, претседателот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, шефот на преговарачкиот тим, раководителите на преговарачките групи за одделни поглавја за кои се расправа, претседателите на работните тела на Собранието на Република Македонија, координаторите на пратеничките групи, претставници на стопанските комори, синдикатите, верските заедници, граѓанската платформа на Македонија и научни и стручни работници по одделни области битни за процесот на преговарањето и други.

Член 6

Седниците на Советот се јавни.

Советот може да одлучи да работи без присуство на јавноста, под услови утврдени со деловникот на Советот.

Член 7

Советот донесува деловник за својата работа.

Член 8

Стручните и административните работи за потребите на Советот ги врши Службата на Собранието на Република Македонија и на Секретаријатот за европски прашања.

Член 9

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

   СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  Бр.07-4958/1                                                                                                                                   Претседател
19 ноември 2007 година                                                                                                     на Собранието на Република
Скопје                                                                                                                                             Македонија,
                                                                                                                                                 Љубиша Георгиевски,с.р.



Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 25 август 2008 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ,
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА НАЦИОНАЛНИОТ
СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

I. Во Националниот совет за евроинтеграции се именуваат:
   а) за претседател Радмила Шекеринска, 
   б) за потпретседател Силвана Бонева,
  в) за членови:
           -Александар Николоски, пратеник во Собранието на Република Македонија,
          - Кенан Хасипи, пратеник во Собранието на Република Македонија,
          - Андреј Жерновски, пратеник во Собранието на Република Македонија,
          - Тито Петковски, пратеник во Собранието на Република Македонија,
          - Џевад Адеми, пратеник во Собранието на Република Македонија,
          - Петар Поп-Арсов, претседател на Комисијата за европски прашања,
          - Теута Арифи, претседател на Комисијата за надворешна политика,
           - Александар Спасеновски, копретседател на Mешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија,
           - Ивица Боцевски, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за евроинтеграции,
           - Наташа Савова-Салковска, од Кабинетот на претседателот на Република Македонија,
          - Сашо Стефков, од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија,
         - академик Владо Камбовски, од Македонската академија на науките и уметностите,
         - Коце Трајановски, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и
         - Роберт Поповски, претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија.

II. Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката за именување претседател, потпретседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции ("Службен весник на Република Македонија" бр.156/2007).

III. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во "Службен весник на Република Македонија".

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  Бр.07-3588/1                                                                                                       Претседател
      25 август 2008 година                                                                        на Собранието на Република
          Скопје                                                                                                                    Македонија,
                                                                                                                               Трајко Вељановски, с.р.

 



Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 24 ноември 2008 година, донесе


ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

I. Во Oдлуката за именување на претседател, потпретседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции ("Службен весник на Република Македонија" број 106/2008), во точката I под в) за членови, по алинејата 5 се додава нова алинеја 6, која гласи:
"Флора Кадриу", пратеник во Собранието на Република Македонија".

II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во "Службен весник на Република Македонија".

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

          Бр.07-5133/1                                                                                                                                       Претседател
24 ноември 2008 година                                                                                                                    на Собранието на Република
             Скопје                                                                                                                                                    Македонија,
                                                                                                                                                                  Трајко Вељановски, с.р.


 



Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 15 јуни 2009 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

  I. Во Одлуката за именување на претседател, потпретседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции („Службен весник  на Република Македонија“ бр. 106/2008 и 147/2008), во точката I под в) за членови алинеја 11 зборовите : „Наташа Савова - Салковска“  се заменуваат со зборовите: „Димитар Мирчев“.

       II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

                  Бр. 07-2692/1                                                                                                                     Претседател на 
                 15 јуни 2009 година                                                                                               Собранието на Република Македонија,
                         Скопје                                                                                                                       Трајко Велјановски, с.р.


 



Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 25 август 2009 година, донесе

ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

   I.Во Одлуката за именување на претседател, потпретседател и членови на Националниот совет за евроинтеграции (“Службен весник на Република Македонија” број 106/2008, 147/2008 и 76/2009), во точката И. под в) за членови: во алинејата 10 зборовите “Ивица Боцевски” се заменуваат со зборовите “Васко Наумовски”, а во алинејата 14, зборовите “Коце Трајановски” се заменуваат со зборовите “Зоранчо Алексов.”

          II.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен весник на Република Македонија.”


 
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  

 

Број __________                                                                                                                                  ПРЕТСЕДАТЕЛ

__________2009 година                                                                                                  НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА

           Скопје                                                                                                                                                   МАКЕДОНИЈА

                                                                                                                                                         Трајко Вељаноски, с.р.



ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ И ЧЛЕНОВИ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕРГАЦИИ

документ.pdf

Click