Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија и член 1 став 4 од Одлуката за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.77/2008), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 25 август 2008 година, донесе
О Д Л У К А ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СОСТАВОТ НА БУЏЕТСКИОТ СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
I.Претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија.
II.Заменик претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е Јован Манасијевски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.
III.Членови на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија се пратениците:
1) Оливер Деркоски,
2) Ратко Димитровски,
3) Иван Стоилковиќ,
4) Силвана Бонева,
5) Владанка Авировиќ,
6) Хисен Џемаили,
7) Марјанчо Николов и
8) Миле Андонов.
IV.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Бр. 07-3595/1 Претседател
25 август 2008 година на Собранието на Република
Скопје Македонија
Трајко Вељаноски, с.р.