О д л у к а за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија



      Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија и член 1 став 4 од Одлуката за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.77/2008), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 24 ноември 2008 година, донесе

О Д Л У К А
ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СОСТАВОТ НА БУЏЕТСКИОТ СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

I.Во Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија бр.106/2008), во точката III членови на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија, по точката 8 се додава нова точка 9, која гласи:
            „9) Бесим Догани“.
          II. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

         Бр. 07-5126/1                                                      Претседател
24 ноември 2008 година                            на Собранието на  Република
             Скопје                                                              Македонија
                                                                           Трајко Вељаноски, с.р.




      Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија и член 1 став 4 од Одлуката за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.77/2008), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 25 август 2008 година, донесе

 

О Д Л У К А ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СОСТАВОТ НА БУЏЕТСКИОТ СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 

      I.Претседател на Буџетскиот совет  на Собранието на Република Македонија е Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија.

       II.Заменик претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е Јован Манасијевски, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

       III.Членови на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија се пратениците:

1)    Оливер Деркоски,

    2)    Ратко Димитровски,

3)    Иван Стоилковиќ,

4)    Силвана Бонева,

       5)    Владанка Авировиќ,

6)    Хисен Џемаили,

      7)    Марјанчо Николов и

8)    Миле Андонов.

      IV.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

        Бр. 07-3595/1                                                             Претседател

25 август 2008 година                                        на Собранието на  Република

             Скопје                                                                    Македонија

                                                                                   Трајко Вељаноски, с.р.

 

 

 

 

                                                                                                           



      Врз основа на член 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 26 јуни 2008 година, донесе

О Д Л У К А
ЗА ОСНОВАЊЕ НА БУЏЕТСКИ СОВЕТ НА
СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Член 1
       Во Собранието на Република Македонија се основа Буџетски совет на Собранието на Република Македонија (во натамошниот текст: Буџетски совет).
      Буџетскиот совет има претседател, заменик претседател и 9 членови од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија, во зависност од бројот на пратеничките групи и од бројот на пратеници во пратеничките групи.
      Претседател на Советот е еден од потпредседателите на Собранието на Република Македонија, а заменик претседател е претседателот на Комисијата за финансирање и буџет.
      Составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија го утврдува Собранието со одлука.

Член 2
      Буџетскиот совет ги има следниве надлежности:
      - утврдува стратешки приоритети на Собранието на Република Македонија за наредната година и нивно вклучување во Буџетот на Република Македонија со предлагање на посебни програми и потпрограми;
      - дава упатства и насоки за подготвување на предлогот на буџетските барања и потребите за работа на Собранието;
      - се грижи и врши усогласување на предлогот на буџетските барања и потреби на Собранието, согласно со максималните износи на одобрени средства утврдени со одлука на Владата на Република Македонија;
       - го следи извршувањето на расходите во Буџетот на Собранието на Република Македонија и предлага прераспределба на средствата во рамките на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија;
      - донесува деловник за својата работа и
      - врши и други работи утврдени со закон.
      Буџетскиот совет покрај надлежностите утврдени во ставот 1 на овој член утврдува и стратешки приоритети на Собранието на Република Македонија најмалку за наредните три години.

Член 3
      Буџетскиот совет во постапката на изготвување на Буџетот на Република Македонија, врши постојани консултации и усогласувања со Министерството за финансии и со Владата на Република Македонија, во врска со финансиската проекција на потребни средства на Собранието и се грижи за финансиските потреби на Собранието.

Член 4
      Буџетскиот совет работи на седници, кои ги свикува и со нив претседава претседателот на Советот. Во случај на спреченост на претседателот на Советот, седниците ги свикува заменикот на претседателот.
      На седниците на Буџетскиот совет, без право на одлучување, присуствуваат генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот за финансиско-материјално работење на Службата на Собранието на Република Македонија, или лице од Секторот кое тој ќе го определи.

Член 5
      Буџетскиот совет завзема ставови со мнозинство гласови од присутните членови, а најмалку со една третина од вкупниот број членови.

Член 6
      Стручно-административните работи за Буџетскиот совет ги врши Службата на Собранието на Република Македонија.

Член 7
      Оваа одлука влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија“.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

      Бр.07-2482/1                                                           Претседател
26 јуни 2008 година                                        на Собранието на  Република 
           Скопје                                                                 Македонија,
                                                                             Трајко Вељаноски, с.р.

Оваа одлука престана да важи со денот на влегувањето во сила на Законот за Собранието на Република Македонија( ‘’Службен весник на Р.М’’ бр.104/2009).

Click