Понеделник, 29 октомври 2012 година, 11,00 часот, Сала 1
ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дневен ред:
1. Верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија;
2. Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година;
3. Интерпелација за работeњето на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, поднесена од пратениците Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;
4. Предлог за именување на член на Советот на Јaвното претпријатие Македонска радио телевизија;
5. Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година;
6. Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2013 година;
7. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Големото Војводство Луксембург за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;
8. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за заемно поттикнување и заштита на инвестиции;
9. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Македонија и Чешката Република за меѓународен превоз во патниот сообраќај;
10. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Латвија за меѓународен патен сообраќај;
11. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција за условите за патување на државјаните на двете држави;
12. Предлог на закон за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Казахстан за трговска и економска соработка;
13. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Хрватска за полициска соработка;
14. Предлог на закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на добивка, персонален данок на доход и платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ Скопје (второ читање);
15. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за културата (второ читање);
16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Филмскиот фонд на Република Македонија (второ читање);
17. Предлог на закон за Геолошки Завод на Република Македонија (второ читање);

18. Дополнет предлог на закон за минерални суровини (второ читање);
19. Дополнет предлог на закон за туристички развојни зони (второ читање);
20. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (второ читање);
21. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (второ читање);
22. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии - II читање;
23. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик (второ читање);
24. Дополнет предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета (второ читање);
25. Предлог на закон за странската информативна дејност во Република Македонија (второ читање);
26. Предлог на закон за изменување на Законот за судовите (второ читање);
27. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште (второ читање);
28. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење (второ читање);
29. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (второ читање);
30. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција (второ читање);
31. Дополнет предлог на закон за доброволно здравствено осигурување (второ читање);
32. Предлог на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, по скратена постапка;
33. Предлог на закон за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, по скратена постапка;
34. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка;
35. Предлог на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка, поднесен од пратениците: Силвана Бонева, Илија Китаноски, Александар Спасеновски, Светлана Јакимовска, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Александар Николоски, Косана Николиќ Мазнева, Илија Димовски, Благородна Дулиќ, Веле Георѓиевски, Надица Танчева Тулиева, Нада Станчевска, Ане Лашкоска, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Ванчо Апостолов, Весна Пемова, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев, Ѓорѓи Коџабашиев, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Драган Настески, Миле Пачемски, Сузана Анова, Нада Ципушева, Павле Саздов, Ромео Тренов, Ристо Манчев, Милорад Додевски, Михаило Џолонга, Светлана Карапетрова, Славе Гошев, Стефче Трпковски, Васко Мицевски, Харалампие Шокаровски, Цена Матевска Дуза, Јордан Пачков, Трајчо Димков, Елена Павлова, Диме Маџовски, Васил Пишев, Тони Трајановски, Дарко Димитриески и Борислав Стојменов;
36. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање);

37. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (прво читање);
38. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство (прво читање);
39. Предлог на закон за изменување на Законот за железничкиот систем (прво читање);
40. Предлог на закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи (прво читање);
41. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот (прво читање);
42. Информација за интензивирање на процесот на иселување од Република Македонија заради погубните политики на Владата на Груевски, поднесена од пратениците: Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голубчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јофковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмед Џемајлоски и Сафет Бишевац;
43. Барање за давање автентично толкување на член 969 од Законот за облигационите односи, поднесено од пратеникот Лилјана Кузмановска;
44. Барање за давање автентично толкување на член 10 став 1 од Законот за државните награди, поднесено од пратеникот Ане Лашкоска;
45. Барање за давање автентично толкување на член 71 став 5 од Изборниот законик, поднесено од пратениците: Тито Петковски, Николче Ацевски и Горан Мисовски;
46. Барање за давање автентично толкување на член 34 став 4 од Законот за енергетика, поднесено од пратеникот Косана Николиќ Мазнева;
47. Барање за давање автентично толкување на член 186 од Законот за издавање и тргување со хартии од вредност, поднесено од пратеникот Миле Пачемски.