Среда, 24 октомври 2012 година, 14,00 часот, Сала „Борис Трајковски“
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА
Предлог на дневен ред:
1. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (прво читање);
2. Предлог-закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи (прво читање);
3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот (прво читање).
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (прво читање);
2. Предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на добивка, персонален данок на доход и платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ Скопје (второ читање);
3. Предлог-закон за доброволно здравствено осигурување (второ читање;
4. Барање за давање на автентично толкување на член 186 од Законот за издавање и тргување со хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ број 7/97, 11/99 и 81/99) поднесено од пратеникот Миле Пачемски.