ЕУ вести



Петок, 9 октомври 2009 година

10 октомври – Европски ден против смртната казна

Откако на 26 септември 2007 година, Комитетот на министрите на Советот на Европа реши покрај светски, 10 октомври да стане и Европски ден против смртната казна, овој ден се одбележува како прилика да се промовира кампањата за укинување на смртната казна ширум светот.

Мотото на Европскиот совет е дека „смртта не е правда“ и тој се фокусира на тоа како казненопоправниот систем да се справи со престапниците на поинаков начин. 

Европската унија води борба во целиот свет за укинување на смртната казна, заснована на принципот на почитување на достоинството на човекот, какви и да се неговите дејствувања.

Минатата година во 25 земји светот, од вкупно 8.864 лица осудени на смртна казна, егзекутирани биле 2.390. 93% од егзекуциите извршиле пет држави – Кина, Иран, Саудиска Арабија, Пакистан и САД. Околу три четвртини од егзекуциите се извршени во Кина, а Белорусија останува единствената држава во Европа, која применува смртна казна.

Две третини од државите во светот се имаат откажано од смртната казна, во 59 сè уште е законска, а 25 ја применуваат во пракса.  

Click