Вторник, 20 октомври 2009 годинаЕвропарламентот го поддржа Извештајот за визна либерализација
Комитетот за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи на Европскиот парламент, синоќа во Стразбур со огромно мнозинство гласови го поддржа Извештајот за визна либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година. Против гласал само еден европратеник, додека двајца биле воздржани. Комитетот, исто така, се заложи за забрзување на процесот за укинување на визите и за Албанија и за Босна и Херцеговина, како и отпочнување на процес за Косово.
Извештајот беше поднесен од словенечкиот пратеник, г-ѓа Тања Фајон, како известувач на Европарламентот за либерализација на визниот режим за Западен Балкан, според која ваквото решение ќе биде гаранција за мир во овој регион.