Петок, 16 октомври 2009 година
Европската унија го одбележува Светскиот ден на храната
Денеска, на 16 октомври, во Европската унија се одбележува Светскиот ден на храната, со цел подобрување на пристапот до храна низ целиот свет. Со обврската донесена на Самитот на Г-8 во Аквила за помош од над 2 милијарди евра како дополнение на проектот „Една милијарда евра на ЕУ за пристап до храна“, Унијата е најголемиот светски соработник за глобална сигурност за храна.
„Светскиот ден на храната треба да го потсети секој од нас дека треба да направиме сè што е возможно за да го спречиме гладот на повеќе од една милијарда луѓе“, изјави г.Карел Де Гухт, европски комесар за развој и хуманитарна помош.
Статистиката вели дека повеќе од една милијарда луѓе ширум светот се недохранети, што е 15% или една шестина од целото човештво.