ЕУ вести



Вторник, 20 октомври 2009 година, Брисел

Одбележување на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Луис Марија де Пуч, ја повика Европската унија да се приклучи на Конвенцијата за борба против трговијата со луѓе, како дел од одбележувањето на Европскиот ден против трговија со луѓе од 19 до 20 октомври во Брисел.

Претседателот г. Луис Марија де Пуч ги повика земјите од Советот на Европа кои сè уште ја немат потпишано, да ја ратификуваат Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговија со луѓе.

Тој го поздрави и воспоставувањето на механизмот на мониторинг на оваа Конвенција - Група експерти за борба против трговија со луѓе, и ја повика Унијата да ja продолжи соработката со Советот за да се избегне дуплирање на мерките за мониторинг, како и да се доближи до Конвенцијата за борба против трговија со луѓе колку што е можно побргу.

Click